Тој во изјава за Слободен печат вели дека не знае кој е организатор на денешниот протест.

– Не, не, јас не сум организатор на денешните протести. Не знам кој ги организира, јас не сум организатор на денешните протести, но можно е некој да ги претставил во име на сите случаи, па може да има некаква конфузија, вели Ајдари за Слободен печат.

Посочи дека тој ќе организира протести идната недела против пресудите за случајот Монструм.

– Ние ќе протестираме следната недела, во петок на 2 април 2021 година, информира Ајдари.