– Исто така со три денари ќе помогнеме на индустриското јаболко, тоа е проектирао во буџетот. И во делот на оризовата арпа помагаме конинуирано и во делот на хектаража и во делот на субвенции. Дадов инструкции и насоки на министерот после консултациите да имаме максимален фокус и посветеност, изјави Заев
Оризопроизводителите се категорични бараат 25 денари за килограм арпа и 50денари за белиот ориз.
– Во 2017 рекоа дека штом ќе дојдеме на власт оризовата арпа ќе се откупува по 25 ден., а белиот по 50денари. Уште еднаш апелирам, премиерот и министерот да дојдат и да му објаснат на овој народ! Заев лаже! Министерот лаже! Николовски лаже! Тие со лага дојдоа на власт, изјави вчера Здравко Арсов од ИНицијативниот одбор
За две недели ќе стартува новата жетва, а амбарите се полни со ориз од минатогодшната реколта. Доколку власта и понатаму остане глува, оризопроизводителите се заканија со граѓанска непослушност.
– На гласање нема да излеземе ниту да се попишеме. Ние ќе се попишеме како робови. Ние сме робови во сопствената држава, изјави Здравко Арсов
– Жетвата ќе започне за 15дена. Сега треба да правам нови шупи за да го складираме новиот ориз. Прво беше на 20дена дека ќе ни исплатат, па сега на три месеци. Знаете кога ќе земеме пари?-Никогаш!Само откупувачите се богатат, а ние немаме пари за гол живот, изјави Трајчо Јованов
Иако оризо производителите најавија дека ќе останат на барикадите се до исполнување на нивните барања, поради големиот притисок се повлекоа. Нов протест закажаа за наредниот вторник.