Иран објави целосно отворање на преминот
Ормутскиот теснец е „прогласен за целосно отворен“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Тој посочи дека преминот за сите комерцијални бродови е повторно овозможен, во рамки на преостанатиот период од прекинот на огнот.
Во објава на платформата X, Арагчи наведе дека сообраќајот се одвива по координирана рута, како што претходно било објавено од Организацијата за пристаништа и поморство на Иран.
Реакции и договор за примирје
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на социјалните мрежи со порака „ви благодарам!“.
Според најавите, двонеделното примирје меѓу Иран и САД треба да заврши на 22 април.

