Oштетено е возилото на лидерката на Глас за Македонија Солза Грчева. Таа на „Фејсбук“ сподели фотографија од автомобилот на која се гледа дека му е откорната регистерската табличка.

Секој мој жесток настап, како оној пред три дена на Алфа, има своја цена со која морам да живеам. И не е прв, ниту последен пат. Среќа што се уште насочени (на разни начини) на колата. Можат да станат и поинвентивни. Ама ич нема да ме замолчат. Напротив, вели таа.