Како што информираа од СВР Скопје, полицијата го привела 52- годишниот Љ.Т. во полициската станица во Чаир и се работело на расчистување на случајот, но утрово, до редакцијата на Макпрес, пристигнаа загрижувачки повици од граѓани на Општина Бутел кои тврдат дека лицето е на слобода и слободно се движи низ општината.

„Случајот беше пред 2 дена, сите соседи сме загрижени затоа што овој човек е на слобода и слободно си се шета низ општината.“ – кратко рече нашата читателка во телефонски разговор.

Дали институциите потфрлаат во вакви случаи и дозволуваат да се шири паника помеѓу соседите?

Редакцијата на Макпрес бара СВР Скопје да одговори:

Дали лицето е ослободено од притвор и доколку е така зошто само 48 часа по нападот е пуштено на слобода лице кое се обиде да го лиши од живот својот брат?