Иако претеседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски изразија надеж за продолжување на рокот за промена на личните документи, Бујар Османи децидно рече дека „не е фер да се дава лажна надеж на граѓаните дека може да се одложи рокот за промена на пасошите со новото уставно име.

Личните документи ги ставија политичарите во клинч: Кој треба да ја преземе одговорноста?

Според Османи правилно би било државните институции да организираат и да го забрзаат издавањето пасоши. Османи е категоричен дека не е можно да се сменат одредбите на Договорот од Преспа.

Договорот од Преспа е меѓународен договор. Наместо да даваме лажна надеж на граѓаните дека ќе ги смениме одредбите од Преспанскиот договор или дека ќе се смени законот за спроведување на уставните амандмани, јас мислам дека треба да работиме на тоа граѓаните да немаат пречки по 13 февруари, потенцира Османи

Тој вели дека треба да се забрза процесот на издавање, но не кажува конкретно како би се направило тоа.

Да се забрза издавањето на пасоши, да почне налепниците да се лепат на регистерските таблички и мислам дека ова е поздраво да им се каже на граѓаните дека е обврска која што се провлекува 5 години и да се обидеме до 13 февруари да ги средиме документите на граѓаните, притоа не на сметка на граѓаните, туку државата треба да ги направи тие напори, па ако треба и да ги компензира граѓаните кои во овој период треба да ги сменат своите лични документи.

ВМРО-ДПМНЕ застана зад граѓаните така што поднесе иницијатива до Уставен суд, а Османи даде свој коментар и за оваа тема велејќи дека таа институција не може да го смени Преспанскиот договор.

Ајде да се организираме и да им кажеме да граѓаните. Пофер на граѓаните е да им кааме дека имаме обврска, да се организира да помине без потешкотии, заклучува министерот за надворешни работи на денешната прес-конференција.

За оваа тема зборуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој кажа дека опозицската партија застанува зад граѓаните преку иницијатива до Уставниот суд. Според Мицкоски моменталните случувања се алармантни, а за истото треба да се понесе одговорност.

„Ситуацијата е аларментна, ова е понижување за граѓаните“: ВМРО-ДПМНЕ преку иницијатива до Уставен суд ќе застане зад граѓаните