Министерот за надворешни работи Бујар Османи го отвори министерскиот совет на ОБСЕ и им посака добредојде на гостите во Скопје, опишувајќи го како град кој претставува крстосница на културите и цивилизациите.

Османи на почетокот на обраќањето потсети на скопскиот земјотрес од 1963 година, кога светот се сплоти за обнова на градот во големата катастрофа.

Како претставач со ОБСЕ, Османи истакна дека Северна Македонија го презела претседавањето во период на активна војна и закана за безбедноста и мирот поради руската агресија во Украина.

Османи рече дека војната ги нарушула животите на луѓето кои сакаат да живеат без страв, но ОБСЕ продолжува со мисијата наспроти сите предизвици.

„Останавме решителни да служиме како бранители на вредностите на ОБСЕ“, рече Османи.

Претседавачот Османи ги повика присутните да постигнат консензус околу претседавањето на Малта.