Каде што почнува Османи, минатава недела заврши Димитров со посета на прибалтичките земји.
Утре Османи е во посета на Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, со државниот министер надлежен за Европа, Михаел Рот и други политичари, соопштија од МНР.
Оттаму заминува за Копенхаген, на средба со неговиот дански колега, Јепе Кофод, а дипломатската турнеја продолжува со работната посета на Стокхолм на 5 мај.
Кои се очекувањата од европската турнеја на шефот на дипломатијата од МНР не прецизираат. Дел од аналитичарите со поделени ставови околу можноста за позитивен пресврт за Македонија на јунскиот самит на ЕУ, особено имајќи ја предвид ситуацијата во Бугарија и неможноста тамошните политичари да состават Влада.
За поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов, иако се мали, сепак постојат шанси Македонија да слушне добра вест на јунскиот самит, додека екс амбасадорот Ристо Никовски не е оптимист. Сепак и двајцата се согласни дека треба македонските дипломати треба да се повеќе присутни во европските земји.
Кај македонските власти има очекувања, но не и гаранции дека Македонија во јуни ќе ги почне преговорите за членство во Европската Унија. Дополнително целата ситуација е отежната и со политичката криза во Бугарија која наместо нова влада е пред нови парламентарни избори во јули. А и нема напредок во работата на мешовитата Македонско Бугарска комисија за историски и за образовни прашања , во кои доколку имаше, за политичарите , кои како што самите изјавуваа , ќе им биде од голема помош.