Главна тема на разговор на двајцата министри, како што информираат од МНР, била можноста за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Јужноафриканската Република, а воедно, заеднички е констатирано дека двете земји иако географски оддалечени, имаат потенцијали за соработка во различни сфери.
Соговорниците размениле мислења за преземање идни чекори во насока на воспоставување и развој на заедничките односи, при што се очекува, посебен фокус во иднина да биде ставен на економската соработка и зајакнувањето на трговската размена како основа за натамошна реализација на проекти од заемен интерес.