Како што соопшти МНР, на средбата беа разменети мислења за можностите за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји и беше изразено взаемно задоволство од досегашниот развој на мултилатералната соработка, со посебен фокус на Обединетите нации.
– Соговорниците се согласија дека организирање на средби на високо и највисоко ниво, ќе даде нов импулс во заемните односи и дополнително ќе отвори нови можности за унапредување на соработката, особено во делот на економијата и инвестициите, се наведува во соопштението.
Воедно, се додава, на средбата се дискутираше и за актуелни меѓународни прашања и соработката во меѓународните организации.