– Нема веќе долги рокови, непотребни трошоци и непријатности. Отсега и информациите за патните исправи директно во амбасадите, од каде во пристоен рок и ќе се земаат готовите пасоши. Нашата цел е да бидеме сервис на дијаспората, да овозможиме ефикасен и економичен одговор на нивните потреби. Задоволна дијаспора значи и поголема поврзаност на нашите граѓани со својата земја, но и поттик за нивно враќање дома, истакна Османи.

Како што соопшти МНР, досегашната постапка за издавање на пасоши просечно траеше од четири до пет месеци, а анализата на министерството за надворешни работи покажа дека во некои случаи постапката се одолговлекуваше и над шест месеци.

Покрај времето, тоа претпоставуваше и големи трошоци, како за самите граѓани, така и за министерството. Со поставувањето на базните станици претставниците на нашата дијаспора се стекнуваат со голем бенефити и од аспект на времето потребно за овие активности, финансиските трошоци поврзани со тоа, а истовремено, ќе добијат готов производ, пасош за временски рок од две до три недели, стои во соопштението на МНР.