Министерството за надворешни работи информира дека денес вршителот на работите во Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва, Оливера Чаушевска- Димовска е повикана во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација при што ѝ била врачена Нота за прогласување ‘нон грата’ на наш дипломат – аташе од Амбасада на Република Северна Македонија во Москва. Министерството за надворешни работи искажува жалење за овој неоснован потег на руската страна, кој претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета, и која со тоа негативно ќе влијае на интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји.
Истата порака ја напиша претходно на својот Твитер налог и министерот за надворешни, Бујар Османи.