Вирусот полека се повлекува и во останатите градови во земјава. Во Скопје има само 189 заразени лица.Вчера за прв пат по 2 септември 2020 немаше ниту еден починат од Ковид.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.