Најмалку осум лица загинаа денеска за време на проиранските протести кај конзулатот на САД во пакистанската метропола Карачи, соопшти портпаролот на спасувачката служба.

„Пренесовме најмалку осум тела во граѓанските болници во Карачи, додека 20 други беа повредени во инцидентот кај конзулатот“, рекол Мухамед Амин, портпарол на спасувачката служба на фондацијата „Еди“ (Edhi Foundation), додавајќи дека повеќето имале прострелни рани.

Стотици проирански демонстранти се обидоа да упаднат во конзулатот по американско-израелските напади врз Иран.