Од Државната изборна комисија (ДИК) информираат дека се отфрлени две листи за градоначалници, во Охрид и Струга по една, како и шест за советници во Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово.
ДИК најдоцна до 23 септември треба да изврши жребување за редослед на кандидатските листи на гласачките ливчиња.
Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. По извршениот жреб потврдените кандидатски листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на избирачките одбори.
ДИК утре на јавна седница во 15 часот ќе ја спроведе жрепката за политичко рекламирање за распределба на локации за рекламни паноа и билборди согласно критериумите од Изборниот законик.