Големиот мозаик опфаќа 836 квадратни метри во палатата Хишам – исламски замок од ерата на Омајадите кои владееле во седмиот и осмиот век (ок. 660-750). Прикажан е лав кој напаѓа елен, што симболизираат војна, и две газели – симбол на мирот, опкружени со цветни и геометриски шари.
Палатата Хишам била запоставена со години, додека не била повторно откриена во 19. век. Истражувањата започнале 1930-тите, кога и бил откриен мозаикот под правта. Зданието, сепак, остана запоставено до пред пет години, и затворено за посетители, а реставрацијата потоа беше финансирана од Јапонија и чинеше 12 милиони долари.
– Во мозаикот има над пет милиони парчиња камен од Палестина во природна и карактеристична боја, рече Салах Тавафша, потсекретар во палестинското Министерство за туризам и антиквитети.
Тој изрази надеж дека средновековното наоѓалиште близу Мртвото Море, кое се простира на површина од 60 хектари, ќе привлече туристи во Ерихон.