Според британското здружение на дерматолози, кое ги анализирало пријавените симптоми преку апликацијата Студија за симптоми на Ковид, сувите, болни и испукани усни може да бидат еден од најраните знаци.

Оралните знаци на коронавирус се само мал број можни симптоми кои се појавуваат на кожата.

За време на пандемијата на коронарниот вирус, стана јасно дека покрај главните симптоми на треска и кашлица, симптомите можат да се развијат и на кожата. Извештаите од Кина, а потоа и од Европа, покажаа дека САРС-КоВ-2 во 20 проценти од случаите покажува симптоми на кожата, бидејќи вирусот предизвикува многу имунолошки реакции, па затоа не е ни чудо што кожата е вклучена во приказната. Така можете да почувствувате болни усни, кои се сушат и се лупат. Може да се појави и болка во устата – се наведува во изјавата на дерматологот.Сепак, само затоа што усните се суви, не мора да значи дека имате корона вирус, особено во овој период од годината.
За да не влезете воопшто во дилема, совет е да ги покриете усните со шал за време на студеното време кога сте надвор.

Меѓутоа, ако усните се различни од вообичаеното во овој период од годината, советот е веднаш да се изолирате и да се тестирате пред да се појават очигледните симптоми.

Како болеста Ковд-19 напредува, симптомите почнуваат да изгледаат како грип, кој се уште е присутен во овој период од годината. Заразените ќе почнат да имаат грозница, замор и болка во телото. Исто како и кај грипот.

И коронавирусот и грипот можат да донесат до воспаление на градите, во тешки случаи. Единствениот начин да се утврди разликата е си тест.

Кога одите кај доктор, прво веројатно можат да направат тест на грип за да утврдат дали имате или не. Ако имате грип тогаш тоа не е тоа, вели докторот Роберт Нортон, професор на Универзитетот Аубурн.
Кога почнуваат симптомите?

Повеќето луѓе ќе развијат симптоми од два до 14 дена по заразата од корона вирусот.
Дали луѓето можат да го добијат без да покажуваат симптоми?

Апсолутно да, вели Хазелтин. Некои луѓе се носители на вирусот и го имаат без да развијат симптоми.
И загрижувачки е тоа што луѓето кои се асимптоматски се уште можат да го шират вирусот па затоа сега социјалното дистанцирање е од суштинско значење во забавувањето на ширењето на болеста.

Кој е најмногу ризичен?

Како што вели овој доктор, сите имаат подеднаква шанса да се заразат од вирусот. Но одредена демографија е во многу поголема опасност да развие потежок облик на инфекцијата од новиот корона вирус.

Ризична група на луѓе се постарите, бидејќи сите што се постари имаат послаб имунолошки систем. И секој што има сериозна астма или е тежок пушач. Секој на кој му е ослабен имунитетот бидејќи е на лечење од канцер, или прима нови лекови за артритис. Било кој од овие луѓе изложен е на поголем ризик. Но корона вирусот исто така може да биде кобен и за помладите луѓе ако добијат тешка инфекција на градите. Затоа младите луѓе не треба да мислат дека се имуни на оваа нова болест, заклучува овој познат доктор.
Инкубација, симптоми и превенција

Инфекцијата од новиот корона вирус има период на инкубација од 1 до 14 дена. Но студија објавена во Журналот на американското медицинско здружение, откри нов доказ дека вирусот може да се шири асимптоматично. Според нивните преценки, секое заразено лице за време на епидемија во просек инфецира од едно до три лица.

Инфекцијата од корона вирус има широк спектар на симптоми, вклучувајќи и грозница, кашлање, кратко и отежнато дишење. Благи случаи укажуваат симптоми како кај настинка, додека потешките можат да доведат до воспаление на градите, тешки респираторни заболувања, престанување на работата на бубрезите, што може да биде кобно за заболените.

Најдобра превенција е често миење на рацете и дезинфекција на површините, носење на маски и ракавици во јавен превоз и во затворен простор во кој има повеќе лица.