Во морскиот дел северозападно од Лезбос, бил откриен гумен чамец со 46 мигранти кои безбедно биле пренесени на пристаништето на островот, соопштија од грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Гумениот чамецот бил откриен за време на редовна патрола на брод на крајбрежната служба.

Групата, откако била спасена, биле пренесена на пристаништето на островот, а оттаму во центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти.