Порталот Експрес пренесува дека се работи за уредникот на Радио Лидер и снимателот Јане Јанков.
Оваа информација ја открива Златев кој објавува репортажа од Крива Паланка во која ги објаснува обвинувањата кои предходно пристигнаа од вицепремиерот за корупција Николовски.
“За ова место велат дека е новото Кратово, град контролиран од еден човек. Човекот за кој се вели дека е најмоќен во Крива Паланка е вицепремиерот во Владата на Зоран Заев, Љупчо Николовски.
Иако Љупчо Николовски воопшто не беше главниот јунак на нашата приказна, сепак тој жестоко реагираше на нашата посета на Крива Паланка.
Прво, на порталот iportal.mk кој е во сопственост на негов близок соработник, осамна статија за нашата посета на Крива Паланка, во која се изнесоа низа навреди за репортерскиот тим на Радио Лидер. Се потврди и нашиот сомнеж дека сме биле следени во Крива Паланка, со фотографијата која излезе од нас на овој портал, а била скришно направена.
Вечерта, Љупчо Николовски нарекувајќи не рекетари и криминалци на фејсбук се пожали дека сме ги снимале неговите родители и неговата куќа, иако, ние воопшто не отидовме таму за неговата куќа, ниту пак сме му ја снимале. Како успеа самиот Николовски да се поврзе со темата за шверцот со тутунот, за која ние истражуваме ќе треба да одговори самиот. Ние отидовме поради семејството Тројановски и нивниот случај со шверц на тутун”, открива Златев во написот за посетата на Крива Паланка каде истражувал шверц со тутун вреден милиони.
Вицепремиерот досега не кажа јавно на кого мисли ниту се извини за вербалниот напад врз новинарот и снимател кои истражувале за неговите врски со случајот “5 камиони тутун”.
Целата информација на овој линк