Станува збор за сајтови и профили кои ширеле лажни вести поврзани со вакцинацијата и Ковид-19.

Истрагата започна по наредба на министерот за цивилна заштита Такис ​​Теодорикаку и денеска беа објавени првите резултати, а за конкретните сајтови и профили постојат докази дека се виновни за ширење лажни вести, поттикнување непослушност и обид за измама.

Конкретниот материјал од истрагата е доставен до Обвинителството во Атина, кое ќе спроведе прелиминарна истрага и понатамошна истрага за случаите.

Од надлежното Министерство додаваат дека истрагите на Дирекцијата за борба со кибер криминал продолжуваат и за конкретните 10 случаи, но и за други случаи што може да се откријат