Жител на скопското село Ајватовци е приведен по полициска акција во која бил откриен насад со повеќе стебла од канабис. Акцијата се случила на 16 септември 2025 година околу 12:30 часот, кога интервентната полиција на СВР Скопје го затекнала 47-годишниот Д.С. во близина на полуотворена фолија за одгледување растенија.
Од МВР информираат дека полициските службеници постапувале по претходно добиени оперативни сознанија. Во самата фолија, веднаш било забележано дека има засадено повеќе стебла од канабис.
Местото било обезбедено, а потоа со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле претрес. При акцијата биле пронајдени и одземени насадените стебла.
Приведениот Д.С. е задржан во полициската станица. Откако ќе биде комплетно документиран случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за делото предвидено со член 215 од Кривичниот законик.