Од друга страна доколку сте подолго време на сонце, може да добиете изгореници, што исто така е проследено со главоболки и гадење.

Поради ненадејни промени во атмосферскиот притисок, надворешните температура и зголеманата влажност на климата, се јавуваат метеопатски реакции, од кои главоболките е најчеста, појаснуваат еминентни лекари.

Прегревањето на телото е предизвикувач број еден за појава на мигрена.

Екстремните временски промени ја нарушуваат природната способност на организмот да се врати во својата состојба на температурен баланс. Топлината го исцрпува телото, со прекумерното потење се губат течност и електролити, телото се прегрева, паѓа артерискиот крвен притисок и сето тоа предизвикува главоболка“ – појаснуваат лекарите.

Предизвикувачи на мигрена може да бидат и шеќерите и кофеинот кои често се присутни во освежителните пијалаци кои ги конзумираме во лето.

Лекарите советуваат да избегнуваме изложеност на екстремни надворешни атмосферски влијанија и да се грижиме за исхраната. Важно е да не се нарушува внатрешната рамнотежа на организмот. На прво место, ова значи дека да избегнуваме прекумерно прегревање на организмот со тоа што ќе останеме во сенка, покрај вода и/или во ладен простор. Не смееме да дозволиме да губиме течности и електролити и затоа е исклучително важно редовно да пиеме вода и да јадеме свежо овошје и зеленчук – потсетуваат медицинските лица.