Најголем клиент на компанијата на Марковски е АД Електрани на Северна Македонија од каде што тој добива најмногу пари за работи извршени во РЕК Битола.
Анализата на Лидер покажува дека од 2013 до денес оваа компанија склучила вкупно 79 договори за јавни набавки, со просечна вредност од 1.088.367 евра. Само во минатата година фирмата склучила 16 договори со просечна вредност од 471.872 евра, односно вкупно добила тендери во вредност од 7.549.956 евра.
Освен бизнисмен, Борче Марковски е и дипломат, тој е почесен конзул на Белорусија во нашата земја.
Инаку, Белорусија од страна на меѓународната заедница долго е нотирана како држава со тоталитарен режим исталиран од претседателот Александар Лукашенко. Во државата има бројни политички затвореници од опозицијата но и новинари.