Македонската јавноста внимателно го следи случајот со двојото убиство на малолетната Вања и пензионерот Панче од Велес. По повеќе од десет месеци, во Кривичниот суд во Скопје започнува судењето каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо.

Судењето продолжува на 20-ти месецов

На 20-ти месецов, сите петмина обвинети за убиството на Вања и Панче ќе седнат во судница. Судечкиот совет, на барање на обвинителството одлучи да ги спои постапките со образложение дека станува збор за исто дело и има заеднички докази. Четворица од нив, за кои имаше закажано рочиштето, со лисици на рацете беа донесени во Кривичен.

Палевски остана во Шутка

Палевски не дојде. За него немаше наредба за спроведување од затворот во Шутка.

Обвинетите и бранителите ќе ги добијат доказите

До наредното судење, обвинетите и нивните бранители ќе можат се запознаат со доказите и да конципираат одбрана. Штом почне процесот, по запознавање со обвинението треба да се произнесат за вината.

Се одложи судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Четворица, со Палевски на чело, се товарат за соизвршителство, двојно грабнување и двојно убиство. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет дека им дал на останатите обвините информации за движењето на неговата ќерка.