– Враќањето на Фрчкоски од Вашингтон не може да биде појасен сигнал дека со такви лустрирани луѓе коишто шурувале со какви не служби, нема шанси да дозволат да влезе таму. Има и други случаи. На глава ни беше качено – конечно добивме столче во НАТО, тоа столче ни седи празно бидејќи секој еден што го праќаат, може кај Заев да помине и кај Шекеринска, меѓутоа не може да помине таму, рече Пандов.

Тој посочи дека прејасно станува дека тие сигнали не се случајни.

– Не само што ќе има и верувам дека ќе има предвремени парламентарни избори заедно со локалните, туку и катастрофално ќе биде поразен Заев и неговите политики, додаде Пандов.