Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат отколку што пријавува Министерството за здравство и врз основа на тоа донесува одлуки, коментира микробиологот Никола Пановски за вечерашното гостување на Зоран Заев на националанта телевизија „Сител“, каде премиерот повторно имаше проблеми со математиката.
Го гледам премиерот Заев на „Сител“. Вели, „Само 10% од позитивните се потполно вакцинирани, тоа е 0,017% од сите вакцинирани. Од 7.700 активни случаи 10% се само 77 лица“. Ете, тој мисли дека само 77 лица се заразиле од вакцинираните. Нема кој да му каже, па и „Цаци“ дека 10% од 7.700 е 770. Крај на муабетот. Потоа оди тезата вакцинираните се позаштитени од прележаните итн. Кога ќе најде 770 прележани од 7.700 активни да ми пише, нема да најде ни 77 прележани по неговата пресметка на проценти. Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат отколку што пријавува Министерството за здравство и врз основа на тоа донесува одлуки, реагира д-р Пановски.