Другите возачи ги запреле возилата и трчале да соберат што повеќе банкноти. Имаше и тепачки и апсења.На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат пари расфрлани на двете ленти на автопатот во областа Калифорнија, како и бројни запрени возила.Луѓето трчаа по патот, недалеку од Сан Диего, за да можат да соберат што повеќе пари.
Некои од нив одлично се забавуваа, фрлајќи купишта пари преку глава.
-Ова е најлудото нешто што сум го видела, вели инфлуенсерката Деми Багбиона во видеото кое го објави на својот Инстаграм профил.
Во меѓувреме, полицијата соопшти дека поради некоја причина се отворила вратата од оклопното возило, поради што вреќите со готовина испаднале на патот.Како што беше соопштено, банкнотите биле меѓу еден и 20 долари, пренесува San Diego Union Tribune.Досега се уапсени две лица, а полицијата ги повикува граѓаните да ги вратат парите што ги зеле.
Според локалните медиуми, околу десет лица веќе ги вратиле парите, а се работи за големи количини.