Собранието на денешната седница ги усвои промените во законот за патни исправи и за возачките дозволи, а според итноста до законодавниот дом истите предлози ги достави и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Партиите се мобилизираа

Партиите се мобилизираа пред истекот на важноста на личните документи со Република Македонија. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски до Владата ги достави Предлог-измените за овој закон. Радио лидер прв ја објави оваа вест.

ЕКСКЛУЗИВНО: Во 15 часот во Собранието ќе се гласа за возачките, личните карти и пасошите

Продолжена важноста на личните документи

И пратеничката група на СДСМ поднесе предлог за законски измени со кои на возачките и сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, за да можат граѓаните и натаму да ги користат на територијата на државата.

89 гласа „за“ и ниеден „против“

Овие измени беа поддржани од сите пратеници присутни во салата. Поточно максималниот број на пратеници гласаше за оваа мерка. Со 89 гласа „за“ и без ниеден „воздржан„ и „против“ беше донесено пролонгирањето на документите.

Бесплатни налепници со ознаката НМК

Освен ова, во текот на денешниот ден почна да се променуваат и табличките на возилата со НМК. Од денеска се започна со делење налепници кои се бесплатни за граѓаните.

Граѓаните се револтирани. Договорот од Преспа постојано создава нови проблеми за сите граѓани. Тие нудат финансиска помош, за како што велат да се отворат пунктови или брза линија за издавање на документите.