Како што пишува босанскиот портал, „Кликс.ба“, разговорите се одвиваат под координација на Регионалниот совет за соработка, а врз основа на декларацијата која лидерите и претставниците на државите на Западен Балкан ја потпишаа на самитот во Софија во рамките на Берлинскиот процес минатата година.

Идејата на овој договор е да се олесни движењето, да се зајакнат врските и економската соработка во регионот.

Со оглед на тоа дека се ближи нов самит на Берлинскиот процес постои надеж договорот за поминување на границата само со лична карта може наскоро да се постигне со оглед на тоа дека најголемиот дел од работата е веќе завршен, но се чека усогласување на некои детали.