Условите за влез во Египет без негативен ПЦР тест се следни:
- патникот да има потврда за вакцинација против КОВИД-19 со важечки QR-код
- дека поминале најмалку 14 дена од приемот на втората доза на вакцина (ревакцинација)
- вакцини признати од Арапската Република Египет: Фајзер-Бионтех, Синофарм, Спутник В, Модерна и АстраЗенека
За патници кои немаат потврда за вакцинација, потребен е негативен ПЦР тест не постар од 72 часа од времето на земање брис до предвиденото време на летот за влез во Египет. За деца на возраст под 6 години нема обрвска за ПЦР тест.