Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и делот од раководството на партијата сме на увид изградбата во индустриската зона во општина Карбинци односно во индустриската зона во близина на селото Таринци, истакна денеска Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци.
Рече дека се работи за две улици и два крака за целосно инфраструктурно уредување. Тоа подразбира асфалтирање на овие нови улици, со тротоарско решение и со атмосферска канализација.
Како што посочи се работи за проект кој што е финансиран буџетот на Општина Карбинци во износ од 9 милиони денари и е од суштинско значење и би рекол за овој дел.
-Се надевам дека со ова финиширање ќе ги допуштиме оние услови би рекол кои што ги заслужуваат инвеститорите во овој дел. Инаку се работи за индустриска зона која што веќе има отпочнато инвеститори да градат и се надевам дека во идно време и целосно ќе биде изградена.Да најавам во склоп на сето ова се работи и на неколку други клучни проекти во општина Карбинци. Имено, се асфалтираат во овој момент и други две улици, претходните денови се завршија неколку улици кои што се од суштинско значење за населението. И практично со вие проекти ја заокружуваме онаа рано пролетна офанзива која што ја најавуваме во минатото. Паралелно на сето ова во идно време започнуваме со изградба на три нови игралишта, да ги најавам тоа е игралиштето, ново игралиште во село Крупиште, реконструкција на помалото спортско игралиште во село Карбинци и една нова асфалтна површина во селото Кучица во Кочовискиот регион, истакна Паунов.
Така да со овие проекти продолжуваме да го подобруваме стандардот и животот на жителите во општина Карбинци затоа што навистина го заслужуваат тоа.