Факт е дека уредувањето на плажите беше еден од најгорливите проблеми ова лето за кои што имавме забелешки, буквално од секој еден турист и можам да кажам само дека времето и тајмингот кога се случи цела оваа работа, беше промашен, вели Кирил Пецаков кандидат за градоначалник за општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој во вечерашната дебатна емисија на Телевизија 24, која е посветена на Општина Охрид истакна дека иако во Македонија имавме година и половина пандемија на Корона вирусот каде што движењето и посетата на угостителските објекти беше ограничено и во одредени моменти целосно забранети, кога што лесно можеше да се отстранат платформите од објектите без да се загрози туристичката сезона, градоначалникот Константин Горгиевски, одлучи тоа да го направи пред самиот старт на туристичката сезона што доведе до целосно нејзино загрозување.
„Ние имавме година и пол – две корона, кога движењето на туристите и странците кои што требаше во Македонија да доаѓаат, беше ограничено и не беше возможно, а веќе ова лето кога се отворија границите наидовме на хаос и неуредени плажи, нешто кое што не треба да е слика Охрид, ниту сега, а ниту порано а никако во иднина. Овој хаос што го генериравме беше далеку од потребен, посебно во почеток на туристичка сезона“, истакна Пецаков.
Во однос на дивоградбите во Охрид по што градот се најде на листата на загрозени подрачја под заштита на УНЕСКО, Пецаков истакна дека тоа се должи пред се на нелегалните градби кои се во централното градско подрачје кои изминатите четири години се стимулираа или потајно се премолчуваа поради тесно коалициски договори кои беа повеќе од очигледни.
„Националниот парк Галичица и сето она што таму се случувало, меѓутоа покрај тоа што стана популарен по бројот на дивоградби заради извештајот на УНЕСКО, треба да семе чесни и да кажеме колкав е бројот на дивоградби во изминатите четири години кои што се стимулирани, заради пред се, би рекол, непринципиелни коалиции кои што беа видливи во нашиот град во изминатите четири години, и на некој друг начин не биле стимулирани, меѓутоа преќутно беа дозволувани тие да се случуваат. А, инаку тврдам, се што е настрана од фокусот и е поврзано со дивоградба не е основната цел зошто ние под УНЕСКО бевме ставени како загрозено подрачје“, истакна Пецаков.