„Во рамки на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ денеска остварив средба со Гордана Лолеска, претседателка на здружението „Ретко е да си редок“. Разговаравме за поддршката која Општина Охрид, трета година по ред ја обезбедува за лицата со ретки болести во вид на редовни стипендии за ученици, студенти и магистранти“, вели Кирил Пецаков – градоначалник на Општина Охрид.
Тој континуирано ја поддржува оваа кампања.
„Искрено се надевам дека секој нареден февруари, преку заедничка соработка ќе може да споделиме нови позитивни примери за реална помош низ животните предизвици, кои ги носи ретката болест.
Општина Охрид и оваа година активно се вклучи и ја поддржа кампањата „Ги запознаваме ретките болести “ со осветлување на општинската зграда, неколку јавни објекти и споменици во боите на ретките болести“.