Манчестер Сити и Брајтон одиграа натпревар во англискиот Лига-куп, каде патникот во следната рунда беше одлучен по изведувањето на белата точка. По редовните 90 минути игра резултатот беше израмнет на 2:2, а во пенал-серијата фудбалерите на Манчестер Сити славеа со конечни 4:3 откако голманот Рули го одбрани ударот на капитенот на Брајтон, Луис Данк.

Резултатот го отвори Малик Јалкује, кој му донесе водство на Брајтон во 30. минута од средбата. Матео Ковачиќ се погрижи за израмнување десет минути подоцна, па на пауза се замина со нерешен исход. Веднаш на почетокот на второто полувреме, во 47. минута, Георгињо Рутер повторно ги доведе гостите во предност, но Манчестер Сити возврати преку Витор Реис, кој погоди за 2:2 во 72. минута.

Со победата на пенали тимот обезбеди пласман во четвртфиналето на натпреварувањето. Пласман во следната фаза од англискиот Лига-куп оствари и екипата на Борнмут, која убедливо ја победи Астон Вила со резултат 3:0.