Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден ја доставил пораката за екстрадиција на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски до кабинетот на турскиот колега Реџап Таип Ердоган, пишува Канал 5.

Од кабинетот на Пендаровски не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката, но таа следува по најавата на Пендаровски дека ќе ургира кај турските власти за брзи и ефикасна екстрадиција на Палевски.