Од кабинетот информираат дека Пендаровски како врховен командант му наредил на Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски да постапи согласно новонастанатата ситуација.

– Армијата останува ангажирана на предвидените задачи поврзани со другата прогласена кризна состојба на целата територија на државата поради пандемијата предизвикана од ковид-19 – стои во соопштението во кое се додава дека војската ќе биде вратена на јужната и северната граница доколку Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поврзана со мигрантската криза.