Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од пратеничката група за пријателство при Собранието на Француската Република која престојува во посета на Република Северна Македонија.
На средбата се разговараше за заложбите за јакнење на билатералната соработка меѓу двете држави во контекст на парламентарната димензија, како и за француската поддршка во процесот на македонската европска интеграција.
Соговорниците го констатираа пријателството и напредокот на меѓусебните односи и вложените француски напори за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Тие разменија мислења и информации за преговорите за членство во ЕУ, тековниот скрининг процес, како и за следните фази кои треба да се комплетираат како дел од процесот за македонските пристапни преговори со Европската Унија.