Петнаесет годишниот Марко, дете со некроза на ногата два пати пливаше од Охрид до Свети Наум, еднаш во чест на лицата со попреченост, а вториот подвиг и го посвети на неговата болна мајка. Борова пак, неодамна пливаше од Охрид до Струга, за ја подигне свеста за децата со попреченост и да ја промовира иницијативата за изградба на Центар за згрижување и развој на деца со попреченост во неговата родна Струга.

Целта на средбата, како што соопшти прес-службата на Претседателот, е оддавање почит за нивните подвизи и она што го прават за подигање на свеста кај лицата со попреченост.

– Двајцата во себе носат хуманост и солидарност. Двајцата, даваат поддршка на послабите од нас, стои во објавата на фејсбук статусот на претседателот Пендаровски.