По поразот од Романија, овој пат ја преземавме и дефинитивно оправдавме фаворитската улога против Лихтенштајн.

Македонската репрезентација победи со убедливи 5:0, а стрелци на головите беа: Енис Барди (7′), Александар Трајковски (51′, 54′), Елиф Елмас (62′) и Илија Несторовск од пенал (82′).

Следниот натпревар ќе го одиграме на гости во Германија, на 31 март (среда) со почеток од 20:45 часот.