Според Канал 5 спроведувањето на петицијата се уште е во тек, а досега биле собрани потписите од над 90 проценти од вработените.

Од таму потенцираат дека и покрај случувањата со нивниот директор се се одвива нормално, дека тие како и досега продолжуваат со деноноќната работа на терен.

Во меѓувреме владиниот портпарол Душко Арсовски телефонски за Канал 5 информирал дека нема ништо ново околу случајот со Пауновски и дека засега се останува на вчерашната изјава на Премиерот според која има основа за разрешување, бидејќи како што рече, Пауновски со пркос одбил да ги спроведе владините одлуки.