Денес после цели 3 години од изјавата за вашите приоритети не само што Македонско село не стана стартап село туку веќе не е ни туристичка атракција бидејќи зјае празно и е забрането за посетители. Идентично како се што е на најава и очекување, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања.

„Да потсетам дека во мај 2020 година тогашниот технички премиер, денешен министер Оливер Спасовски изјави дека комплексот македонско село ќе прераснал во стартап село, ќе се поставел брз интернет, а етно куќите ќе се пренаменеле во простор за заедничка работа, со пренамената на просторот директно ќе се стимулирало отворањето на нови бизниси, само 4 месеци по него лично министерот Крешник Бектеши на 22 септември истата година најави дека меѓу приоритетите за поттикнување на иновативноста во земјата е и од Македонско село да формираме Старт АП село кое ќе нуди можност за многу млади од земјава и странство да отворат бизнис без потреба од плаќање на режиски трошоци“, рече Петкоска.

Таа првото нејзино прашање го упати до Крешник Бектеши и го запраша кога конечно да ги очекуваме измените и дополнувањата на законот за угостителска дејност?

Таа додаде и запраша за тоа кои се плановите за комплексот Македонско село и дали се планира воопшто да заживее?

Нејзиното последно прашање се однесува на тоа што се ветуваше во текот на изборите за професионални државни институции и департизиран државен апарат. Таа запраша за тоа кој е и точната бројка на директори и ВД директори во 30-те центри за социјална работа низ Македонија?

„Четири години потоа имаме институции преполнети со партиски кадри и партиска држава со привилегии за членовите на СДС и ДУИ. Наместо ветената професионализација на институциите донесовте брутална партизација на општеството. Сведоци сме дека голем број на институции наместо со директори функционираат со вршители на должност односно ВД директори“, кажа Петкоска.