Самит на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан се одржува денеска во Брисел. Главните теми на состанокот се насочени кон постепената интеграција, Планот за раст, миграцијата, борбата против трговијата со луѓе и усогласувањето со визната политика на Унијата.

На самитот чиј домаќин е претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се нагласува стратешката важност на односите меѓу Унијата и земјите од регионот. Посебен фокус е ставен на значењето на регионалната соработка, градењето добрососедски односи и процесите на помирување.

„Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, а приклучувањето кон регионот претставува приоритет, заедничка амбиција и клучна геополитичка инвестиција“, порача Кошта.