– И во САД имаат проблем со луѓето, кои примиле една доза на вакцина, па гледаат дека ситуацијата се олабавува и подобрува, па не пристапуваат кон примање на втора доза. Ова во идеални услови, кога над 90 проценти од населението би ги примило двете дози, тогаш би можеле да зборуваме за колективен имунитет, додава докторот.

Тој посочи дека пред една и пол година предвидувањата, односно пресметките биле дека 60 отсто имунизирани преку вакцина или природен пат се потребни за колективен имунитет, но дека сега прагот е кренат до 85 проценти за вирусот да нема каде да се шири.