Секој ден сведочиме дека Венко Филипче е слуга на Зоран Заев. Зошто? Затоа што само бара изговори, бега од теми како реформската агенда, само за да му поминува бизнисот на газда Заев, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.
Наместо поддршка за реформи, за законски измени како оние секој пратеник да има само македонско државјанство, тие обвинуваат. И тоа кој обвинува? Лица кои се дел од СДС чиј самонарачен претседател, а реално слуга на Заев, Филипче дома му е Дубаи и Обединетите Арапски Емирати. Јасно е дека Филипче и неговиот газда Заев, се само пример за лоши политичари со погрешни приоритети. Токму тие двајца го водеа системот кога СДС беше на власт, а на граѓаните им ветуваа правда, подобар живот, европска иднина. А, на што сведочеа граѓаните? На корупција, криминал, правосуден систем кој функционира по нивни диктат и секако многу лаги од типот почнавме преговори со Брисел, а почетокот не беше ни на повидок. Токму тие кои сега сакаат да зборуваат за патриотизам и државни интереси распродадоа се. По создавањето на вакви проблеми, тешко е враќањето на вистинскиот пат, истакна Петрушевски.
Но, државата сега ја води ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои се тука за секој еден граѓанин. Ако Филипче продолжи да го следи слепо патот кој му го трасира Заев само ги попречува демократските процеси, а воедно и напредокот на Македонија, додава Петрушевски.
