Главниот обвинител Коцевски до сега играше по нотите на СДСМ, истото ќе продолжи и во периодот кој следи, а тоа е заштита на сите функционери од СДСМ фатени во сериозни криминали од одговорност, истакнува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција.

Очигледно е дека главниот обвинител Коцевски нема да си даде оставка, и дека тој избрал улога на маша во рацете на СДСМ. Но тој треба да знае дека одговорност за тие кои сега ги штити ќе има и ќе дојде, но исто така треба да знае дека и за секое негово незаконие на кое ќе се дрзне одговорност ќе има.

Се што до сега било направено, но и од сега ќе биде ревидирано во иднина.

Жално е само што главниот обвинител Коцевски целосно се стави во улога на заштитник на СДСМ и реши своеволно да го срамни со нула интегритетот на обвинителството.

Ние знаеме дека не сите обвинители се Љупчо Коцевски, дека голем дел имаат интегритет и знаење, само од партиски истурените не дошле во преден план, затоа ги охрабруваме да си ја вршат работата, без разлика од насоките или притисоците. А одговорноста за сите криминалци и тие кои ги штитат доаѓа.