Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?- праша Бране Петрушевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДС, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана.
Тој посочи дека доколку Филипче имал сознанија за наводниот случај, а не го пријавил, може да има правни последици, повикувајќи го Јавното обвинителство да ги провери неговите наводи.
„Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело.
Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај“, рече Петрушевски.
