Петрушевски рече дека како опозиција бараат Закон за имот и рече дека се надева дека ќе дојде на дневен ред во Собранието.
– Драго ми е што слушнав изјава од претседателката на ДКСК дека сето тоа ќе било испитано. Меѓутоа за да ги поврземе работите ако се навратиме малку наназад освен онаа последната афера на Драги Рашковски кој што самиот си измислил софтвер па самиот како Генерален секретар на владата си го купил тој софтвер за МВР, каде што беше изјавено за МВР дека не им треба, тој имаше серија на афери претходно и со набавките на М-НАВ, додаде пратеникот.
Петрушевски, посочи дека владините функционери ги користат своите позиции да си прават сопствени бизниси и преку тоа длабоко да ги наплаќаат и на тој начин да профитираат.
– Логично прашање кое што треба да си го одговори Рашковски, а кое што си го поставува јавноста, а јас еве вака како политичар можам да понудам свој одговор дека во оваа држава таквите позиции очигледно се многу моќни во влада, секретаријат на влада, министерства кои што овозможуваат на луѓето да си прават сопствени бизниси, а со тоа дебело да наплаќаат и да профитираат, рече Петрушевски.