Андреа Пирло нема да стане нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација, иако договорот, според италијанските медиуми, бил речиси целосно договорен. Неговото назначување пропаднало поради соработката со руска обложувалница, што предизвикало негативни реакции во јавноста.

Италијанските медиуми објавуваат дека по критиките во јавноста, претседателот на федерацијата, Малаго, одлучил да се повлече од намерата да го ангажира Пирло и да започне потрага по ново решение за селекторската позиција.

Во меѓувреме, неизвесна е и иднината на Паоло Малдини и Леонардо, кои извршуваат директорски функции во спортскиот сектор на федерацијата. Според истите извори, двајцата не се сигурни дали ќе останат на своите позиции откако пропаднала можноста Пирло да ја преземе репрезентацијата.

Како најсериозни кандидати за нов селектор повторно се посочуваат Роберто Манчини и Антонио Конте, кои и претходно важеа за главни фаворити за оваа функција.