Сите знаат дека твојата оставка, Зоране Заев, не е чин на преземање морална одговорност за едни изгубени избори. Ова е евакуација! Ако не се повлечеш веднаш, утре ќе те избркаат на клоци. Ако не избегаш сега, испратен со панагирици и тридневна жалост на баграта што сам ја избра и која сега ги дизајнира церемониите на погребот на твојата политичка кариера, утре ќе бегаш во гепек. Ко Грујо. Затоа, бегај сега! И не окреќи се, сине!, пишува во писмотo на Бранко Героски до Заев.
На сите си им дојден преку таквото. И на Рада која одамна не те поднесува. И на Љупче Путерот кој ти е верен до смрт, под услов смртта да побрза, оти он верен не може да биде долго време. И на Оливер кој одамна ја демне твојата фотелја и кој знае што ќе лафеше сега да победевте во Куманово. И на Венкота, кого вчера го донесе во партијата, кој видел таму дека сите сте дудуци за политика и си рекол, ако можам мозок да оперирам, зошто не би можел на вакви будали шеф да им бидам…
И на странците им тежиш. Кренаа раце од тебе. Откако те маркираа како лидер на хибриден режим, само молчат и те гледаат како се вртиш ко прдеж у гаќи. Знаат дека веќе не можеш ништо да испорачаш. Што ќе им си?
Целото писмо до Заев прочитајте го на Плусинфо.мк