Семејствата на северот и истокот на Индија ги предаваат своите ближни на светата река или ги погребуваат во плитиките гробови на речниот брег, бидејќи немале да ги платат трошоците за погребните клади во екот на заразата во април и мај.
Меѓутоа, почетокот од сезоната на монсуските поплави предизвика јаки водни сили по должината на пловниот пат долг 2.500 километри ги исфрла некои од телата на закопаните на бреговите на реката Ганг.
Властите во Алахабад, еден од најсветите хиндуски градови, каде што милиони ги посетуваат погребните обреди, велат дека изминатите три седмици спалиле речиси 150 тела кои плутале по реката.
На крајречните насипи наредени се купишта дрва за погребните клади во очекувањето на новите трупови кои ќе допловат по реката.
Дописниците на светските новински агенции при посета на околните области известуваат дека виделе десетици делумно потопени тела.
Властите проценуваат дека до 600 тела се погребани по течението на Ганг во градот Алахабад во времето на пикот на епидемијата на коронавирусот. Но локалното население верува дека тоа се само делче од вистинскат бројка и стравуваат дека следните седмици брзите води би можеле да исфрлат уште тела од плитките гробови на песочните брегови.
И другите поголеми верски центри во северна Индија, како што е верскиот центар Варанаси подолу низводно по Ганг, имаат слични проблеми. Локалното население, исто така, стравува дека телата на починатите, доколку не бидат отстранети, ќе претставуваат голема опасност за натамошна контаминација на еден од најзагадените пловни патови на светот.
– Ова би можело да предизвика опасни болести, изјави за AFP Дипин Кумар, кој живее крај Ганг во Алахабад, а медиумите известуваат дека во некои делови од земјата веќе се регистрирани опасни заразни билести, како чума.
Индиската полиција патролира по реката во потрага по телата на мртвите кои плутаат. Властите поставиле два чамца по должината на брегот за да ги извлекуваат труповите, понекогаш и со помош на локалните рибари, но последниет денови немале многу резултати во тоа.
– Протокот на водата е многу брз и тешко е да се извлекуваат телата, рекол полицеаец за AFP.